Претстојни настани 01/03- 08/03
- Mar 1
- 2 min read
Од: Андреј Стојанов, Јана Тасева, Моника Јакимова, Тамара Гичева и Милена
Меѓународен ден на жената
Датум : 8 март 2026 година
Опис:
Меѓународниот ден на жената се слави секоја година на 8 март. Меѓународниот ден на жената е создаден во почетокот на 1900-тите, кога жените почнале да се борат за своите права, подобри услови за работа и право на глас. Во 1910 година, Клара Цеткин, застапничка за еднакви права, ја предложила идејата за посебен ден посветен на жените за време на меѓународна конференција. Многу земји ја поддржале идејата и со текот на времето 8 март станал важна глобална прослава. Во 1977 година, Обединетите нации официјално го признале како Меѓународен ден на жената. Денес , тој е симбол на почит, еднаквост и благодарност за жените низ целиот свет.
Овој 8-ми март, можеме да го прославиме поминувајќи време со нашите мајки. Можеме да ги изнесеме на кафе, ручек или вечера, да им дадеме цвеќе или едноставно да им се заблагодариме за сè што прават за нас. Најважно е да покажеме љубов и благодарност.
Активности што можете да ги правите на Меѓународниот ден на жената:
Водете ја вашата мајка на многу прекрасни места во Македонија за да се почувствува сакана и ценета. На пример, можеме да прошетаме покрај Охридското Езеро и да уживаме во свежиот воздух и мирниот поглед. Можете исто така да ја посетите Старата чаршија во Скопско, да се напиете убаво кафе и да поминете квалитетно време заедно.
Однесете ја мајка ви во традиционален ресторан каде што можат да се релаксираат и да уживаат во македонска храна без да готват за тој ден. Ако времето е убаво, можеме да го посетиме кањонот Матка и да поминеме време во природа.
Најважно не е местото, туку покажувањето љубов, почит и благодарност за сè што нашите мајки прават за нас. На овој ден, треба да ги направиме да се чувствуваат посебно, бидејќи тие заслужуваат наша благодарност секој ден, не само на 8 март.

