Карате за кауза: Кочани се обединува во поддршка и сеќавање
- Mar 22
- 1 min read
Од: Луна Ѓоргиева, Матеа Глигорова, Мелани Манасиева и Миа Трајковска

На 28 февруари, во гимназијата „Кочански Ангели“ се одржа карате хуманитарен настан. Млади карате спортисти од Северна Македонија и Србија учествуваа на настанот, кој беше организиран за собирање средства за жртвите од пожарот во локалниот клуб во Кочани на 16 март 2025 година, и за поддршка на здружението „16 Март“, во спомен на оние кои ги загубија своите животи.

Настанот беше инициран од Карате клубот Партизан и жртва од пожарот која тренира карате. Вкупно
На натпреварот учествуваа 370 натпреварувачи од 37 клубови од различни градови, претставувајќи ги и Северна Македонија и Србија.
Сите донации собрани за време на настанот ќе бидат дадени на жртвите од пожарот и на здружението „16 март“, во чест на починатите. Името на гимназијата, „Кочански Ангели“, исто така ја одразува оваа цел, бидејќи е именувана во чест на жртвите за да се одржи жива нивната меморија.

Организаторите нагласија дека, покрај конкуренцијата, настанот претставува единство и хуманост. Тие ги охрабруваат средношколците да се обидат со карате, истакнувајќи дека никогаш не е предоцна да се започне и дека спортот гради дисциплина, почит и самоконтрола. Иако силните резултати и победите се примарни цели на кочанските екипи, најважниот резултат останува негувањето и поттикнувањето на солидарноста и сочувството во Македонија.
